Дуелот помеѓу Беласица и Ренова на стадионот „Младост“ во Струмица добил и трето полувреме пред гостинската соблекувална која се наоѓа под трибинскиот простор.
Инцидентот помеѓу помеѓу двете екипи е нотиран од делегатот во записникот кој најавува и дополнителен извештај. Во записникот уште стои дека „гипсарите“ најавуваат жалба за однесување на домаќините за време и после натпреварот во Струмица.
Беласица до победата на мечот со Ренова стигна во завршните десет минути од натпреварот. „Гипсарите“ силно негодувале за пеналот досуден во 80-та минута, а главниот судија Игор Стојчески го исклучил Никола Мишковски поради насилничко однесување. Третиот погодок со кој струмичани ја заверија победата го постигнаа во судиското продолжение.
Со трите бодови „сино белите“ побегнаа од дното, додека Ренова и покрај поразот остана „сигурна“ на средината од табелата.
OhridNews