Две домашни победи и едно реми во воведните натпревари од четвртата рунда од Првата македонска фудбалска лига.  На терените во Штип и Турново славеа домаќините, додека во Тетово , Силекс успеа да извлече реми против Тетекс.


Брегалница беше подобра од Охрид со 3-1, додека во Турново стрелец на единствениот гол вреден три бода за “турновци“ беше Мавров во 60 минута. 11 Октомври останува единствениот тим во лигата без освоен бод.

Во Тетово, Тетекс поведе со голот на Стојаноски во првиот дел, додека на стартот на вториот дел Б. Стојаноски го изедначи резултатот.

Колото ќе се комплетира утре со мечевите Металург – Работнички, Шкендија – Напредок и Вардар – Ренова.

Резултати : Тетекс – Силекс 1-1, Турново – 11 Октомври 1-0, Брегалница – Охрид 3-1

М.П.