Екипата на Вардар ги освои бодовите во Охрид победувајќи го тимот на Младост Царев Двор со 3-0 во 22-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.
„Црвено црните“ во првите пет минути со две изгледни прилики наговестија напад на бодовите на „Атина Бојаџи“.
Во 13-та минута главниот судија Јосип Бартон покажа на белата точка, а минута подоцна сигурен егзекутор беше напаѓачот Драган Ќеран.
Покрај водсвтвото гостите до Скопје продолжија со офанзивната игра и благодарание на домашниот голман Апостолоски фудбалерите на Младост заминаа со минимална негатива на одмор.
Ниту во вториот дел немаше драстични промени во играта на теренот. „Црвено црните“ стрпливо ја чекаа својата шанса за втор погодок.
Во 13-та минута, но од вториот дел лидерот на табелата го дуплираше водството со погодокот на Бобан Николов. Фудбалерот за врска од втор план се уфрли и ја смести топката во мрежата на одличниот Апостолоски.
Сите дилеми околу победникот Вардар ги реши во 80-та минута кога Хамбарџумјан со погодок ја круниса одличната акција од контра на својата екипа.
Вардар со триумфот над Младост направи уште чекор напред кон одбраната на титулата во елитата.
Резултати: Младост ЦД – Вардар 0-3, Брегалница – Х. Турново 2-0, Шкупи – Силекс 1-0, Металург – Шкендија 0-4.
Табела: Вардар 55, Шкендија 50, Шкупи 35, Силекс 33, Работнички 32, Брегалница 23, Ренова 22, Х. Турново 21, Младост 16, Металург 11.
Мх.П.