Три победи на домашните и едно реми на четирите натпревари од второто коло во Првата МФЛ. Единственото реми без голови го одиграа во Тетово, Ренова и Турново, натпревар кој го водеше охридскиот арбитар Марјан Маркоски.

 

Победи на домашен терен забележаа Брегалница над Шкендија со 2-1. Стрелец на головите за “фалангата“ беше капитенот Новаков, додека почесниот гол за тетовци го постигна младинскиот репрезентативец Нафиу.

Најубедливата победа попладнево извојува Металруг во соседското дерби победувајќи го Скопје со 3-0. Клечакароски во првиот и Крстев и Костенцоски во вториот дел погодија за металрузите.

Во натпреварот на поранешните прваци, Силекс во Кратово со голот на Темелков на истекот на регуларните 90 минути го победи Вардар.

Во понеделник ќе се комлетира второто коло со натпреварите: Работнички – Напредок и Пелистер – Тетекс.

М.П.