Бодовната разлика помеѓу Вардар и Шкендија после одигрувањето на 27-та рунда остана иста 9 бодови, откако двете екипи забележаа минимални победи (1-0) над Силекс односно Пелистер на терените од противниците.
Скопските „црвено црни“ до трите бодови во Кратово стигнаа со голот на Дејан Блажески во 62-та минута, додека човек на одлука за тетовчани беше Марјан Радески кој за победа погоди во 82-та минута.
Екипата на Работнички најлесно стигна до целиот плен во 27-то коло во Првата лига совладувајќи ја Брегалница со 3-1. „Романтичарите“ до 53-та минута три пати ја затресија мрежата на штипјани, кои во продолжение постигнаа само почесен погодок.
Резултати: Македонија ЃП – Шкупи 0-0, Пелистер – Шкендија 0-1, Работнички – Брегалница 3-1, Ренова – Победа 1-0, Силекс – Вардар 0-1.
Табела: Вардар 65, Шкендија 54, Работнички 46, Пелистер 37, Силекс 35, Ренова 35, Шкупи 29, Победа 23, Брегалница 19, Македонија ЃП 18.
Фото: Гол.мк
OhridNews