Екипата на Вардар најде начин за излез од резултатската криза, откако со минимални 1-0 го совлада Силекс во Кратово во 16-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.
Победа за „црвено црните“, после три натпревари донесе Дарко Мицевски, кој го реализираше ударот од белата точка во 10-та минута. Домашните фудбалери не успеаја да постигнат изедначувачки погодок иако повеќе од 20 минути имаа играч повеќе. „Вардарци“ ја одбранија минималната предност и забележаа победа на гостувањето во Кратово.
Со трите бодови Вардар го продолжи походот кон Шкендија, додека Силекс остана закован на дното со три бодови помалку од ривалите за опстанок.
Резултати: Победа – Шкендија 0-2, Работнички – Македонија ЃП 5-1, Ренова – Академија Пандев 1-1, Шкупи – Беласица 1-0, Силекс – Вардар 0-1
Табела: Шкендија 37, Вардар 31, Академија Пандев 26, Работнички 23, Ренова 20, Шкупи 19, Победа 17, Македонија ЃП 17, Беласица 17, Силекс 14.
OhridNews