Водечките екипи во Првата лига, Вардар и Шкендија забележаа победи во дерби средбите совладувајќи ги Пелистер (1-0) односно Ренова (2-1).
„Црвено црните“ благодарение на Хуан Фелипе кој погоди во 9-та минута од мечот во Битола го совладаа својот голем ривал во „вечното“ дерби.
Пресметката меѓу ривалите траеше повеќе од вообичаеното, бидејќи натпревароте беше прекинат половина час, откако со снежна топка погоден во главата беше помошникот Костадинов.
Фудбалерите на Шкендија го продолжија походот кон Вардар, победувајќи ја Ренова во тетовското дерби.
Арменд Алими во 34-та минута го отвори резултатот во корист на Шкендија. Тој резултат беше активен до 90-та минута. Прво капитенот Ферхан Хасани зголеми на 2-0, а минута подоцна Арџент Гафури го постави конечниот исход.
Резултати: Македонија ЃП – Ренова 2-2, Пелистер – Вардар 0-1, Работнички – Победа 3-1, Ренова – Шкендија 1-2, Силекс – Шкупи 1-0.
Табела: Вардар 40, Шкендија 34, Пелистер 29, Работнички 27, Силекс 23, Ренова 20, Шкупи 16, Победа 15, Македонија ЃП 12, Брегалница 10.
Фото: Екипа.мк
OhridNews