Фудбалерите на Вардар ја намалија предноста на Шкендија на врвот од табелата во Првата лига на осум бодови, откако скопските „црвено црни“ со 1-0 го совладаа Работнички во градското дерби.

„Вардарци“ дури во финишот го скршија отпорот на „романтичарите“ кои добро организирано се бранеа. Една од многуте шанси во погодок ја претвори Тигран Барсегјан за значајни бодови на контото од актуелниот првак.

Со одигрувањето на заостанатиот натпревар од претходните рунди Вардар ги заврши своите обврски во Првата лига, а за крај на оваа натпреварувачка година ќе се сретне со Шкупи во 1/8 финалето во Купот на Македонија.

Фото: Гол.мк
OhridNews