Лидерот на табелата во Првата лига, Шкендија има двоцифрена бодовна предност од конкурентите по комплетирањето на 13-та рунда во елитата.

Шкендија со минимални 1-0 славеше над Победа на стадионот во Могила, додека Вардар ремизираше без голови 0-0 во Кратово против Силекс.

Победничкиот погодок за тетовчани го постигна Ферхан Хасани во 19-та минута, а во Кратово поблиску до победата беа домаќините кои имаа шанса од пенал да го отворат резултат. Неуспешен егзекутор беше Филип Тимов.

Резултати: Скопје – Пелистер 1-0, Работнички – Шкупи 1-0, Победа – Шкендија 0-1, Силекс – Вардар 0-0, Ренова – Шкупи 3-1.

Табела: Шкендија 31, Академија Пандев 21 (-1), Вардар 20 (-2), Силекс 19, Ренова 17, Работнички 16 (-1), Шкупи 15, Пелистер 12, Победа 12, Скопје 9.

OhridNews