Актуелниот македонски првак Вардар претрпе пораз од 2-1 на гостувањето кај Шкендија во Тетово. Избраниците на Артим Шаќири славеа благодарение на погодокот Таипи во вториот дел. Ејупи ги доведе домаќините во предност, а Стјепановиќ од пенал го изедначи резултатот.

Фудбалерите на Напредок го направија најголемото изненадување по триумфот на гостувањето кај Работнички со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Симјановски во финишот на мечот.

Металург ја забележа највисоката победа во колото победувајќи ја Ренова со 4-0. Брегалница го совлада Тетекс со 2-0. Без победник 1-1 завршија пресметките меѓу Силекс и Турново, односно Пелистер и Дрита.

Табела

Место   Екипа Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 Вардар 9 6 1 2 22:7 19
2 Металург 9 6 0 3 13:8 18
Хоризонт Турново 9 5 3 1 13:8 18
4 Шкендија 79 9 5 2 2 19:10 17
5 Напредок 9 5 1 3 11:11 16
6 Брегалница 2008 9 4 1 4 9:7 13
7 Дрита 9 3 3 3 12:14 12
8 Пелистер 9 3 2 4 10:11 11
9 Ренова 9 3 2 4 11:15 11
10 Работнички 9 3 1 5 14:20 10
11 Силекс 9 1 2 6 7:16 5
12 Тетекс 9 1 0 8 5:19 3

Поради настапите на македонската фудбалска репрезентација, следува пауза во домашниот шампионат.