Фудбалерите на Вардар со минимална победа (1-0) над Пелистер во дербито во Првата лига им го честита 30-годишниот јубилеј на навивачката група „комити“.

Одлучувачкиот и највозбудливиот момент на дербито кое се одигра на Националната арена „Филип Втори“ се случи во 65-та минута кога Висар Мусли ја погоди мрежата на „пелистерци“.

Пред и после завршување на мечот „комити“ заедно со фудбалерите пеаја и во голем стил го прославија 30-годишниот роденден.

Резултати: Академија Пандев – Работнички 1-1, Победа – Силекс 0-2, Шкендија – Скопје 4-0, Шкупи – Ренова 4-1, Вардар – Пелистер 1-0.

Табела: Шкендија 40, Вардар 29 (-2), Академија Пандев 25 (-1), Силекс 16, Работнички 20 (-1), Шкупи 15 (-1), Ренова 17, Пелистер 15, Победа 15, Скопје 9 (-1).

Фото: Гол.мк
OhridNews