Нема повеќе непоразени екипи во Првата македонска фудбалска лига, откако Вардар со 4-2 ја совлада тетовска Шкендија во супер дербито во 10-та рунда од шампионатот.

Шкендија подобро го отвори мечот и поведе со 1-0 резултат кој беше активен по 45 минути игра. На стартот од вториот дел „вардарци“ изедначија од пенал. Тетовчани со гол од пенал го врати водството, но Вардар минута после примениот погоди за нов егал. Во последните 15-тина минути скопските „црвено црни“ постигнаа два голови и ги осигураа трите бодови од дерби средбата и им вратија на тетовчани за поразот 3-0 на стартот од сезоната. 

Резултати: Академија Пандев – Шкупи 2-0, Скопје – Силекс 1-1, Пелистер – Победа 2-1, Ренова – Работнички 2-1, Вардар – Шкендија 4-2. 

Табела: Шкендија 25, Вардар 19 (-2), Академија Пандев 17 (-1), Силекс 14, Шкупи 12, Пелистер 12, Ренова 10, Победа 9, Работнички 7, Скопје 5. 

OhridNews