Победи на водечкото трио во македонскиот фудбалски шампионат. Лидерот Шкендија се радуваше на победа од 3-1 кај фенерџијата Пелистер, кој само уште теоретски има шанса да остане во лигата.

Металург конечно го победи Напредок со 2-1 во мечот кој треба да биде увертира во одлучувачкиот натпревар за место во финалето на купот.

Работнички со гол од пенал во судиското надополнување го победи Тетекс и го задржа чекорот со водечките на табелата.

Силекс и Скопје ремизираа 1-1, додека немаше победник ниту на мечот Х.Турново – Ренова кој заврши со идентични 1-1.

Третото 1-1 реми во оваа рунда го одиграа Вардар и Брегалница. Ниту домашната публика, ниту тоа што “сините“ играа со десет играчи во финишот на мечот не им помогна на “црвено-црните“ да стигнат до посакуваната победа.

Ohridnews