Поранешниот македоски репрезентативец Срѓан Захариевски е нов фудбалер на актуелниот куп освојувач Металург.

Захариевски (37) доаѓа од редовите на Тетекс, а во својата фудбалска кариера четири пати ја освјувал титулата во Македонија со тимовите на Силекс и Вардар (по два пати), а има и три куп трофеи (два со Силекс, еден со Тетекс).


Покрај Штутгарт, членуваше и во португалскиот Кампомајоресе и грчките Докса Драма и Анагениси.  За репрезентацијата имаше 22 настапа.

Тој ќе биде петтиот нов играч во Металург ова лето, откако претходно потпишаа младите Петар Љамчевски и Бојан Ѓорѓиевски и српските интернационалци Игор Павловиќ и Горан Драговиќ.

Управата на кубот очекува Захариевски да остане на Железарница до крајот на кариерата, а потоа да се приклучи и во стручниот штаб.

Ohridnews