Фудбалерите на Работнички ја задржаа предноста од четири бодови пред битолски Пелистер после ремито (1-1) на „Телеком“ арената во вондредната 31-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.
„Зелено белите“ имаа водство во Скопје против ривалот со голот на Филип Петров, но домашните фудбалери во финишот на првиот дел го израмнија резултатот преку Филип Дурански кој на крајот се покажа конечен.
За разлика од Работнички и Пелистер во Скопје, Брегалница и Вардар во Штип одиграа далеку поинтересен и понеизвесен натпревар кој заврши со поделба на бодовите 3-3.
Скопските „црвено црни“ имаа водство 2-0, а на крајот со погодок во судиското продолжение се спасуваа до пораз, откако штипските „сини“ со три погодоци го свртеа резултатот во своја полза. Полни раце работа имаше главниот судија кој додели три црвени и шест жолти картони.
Резултати: Брегалница – Вардар 3-3, Работнички – Пелистер 1-1, Победа – Шкендија 1-0, Ренова – Шкупи 2-1, Македонија ЃП – Силекс 0-1.
Табела: Вардар 72, Шкендија 59, Работнички 49, Пелистер 45, Ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 29, Брегалница 21, Македонија ЃП 21.
Фото: Екипа.мк
OhridNews