Без победник (2-2) заврши дерби пресметката меѓу Победа и Пелистер во Струмица, додека водечките екипи на табелата во Првата лига, Вардар и Шкендија со победи над Шкупи (3-0) односно Силекс (2-0) ја стартуваа во пролетната полусезона во елитата.


„Зелено белите“ имаа два пати водство во пелагониското дерби кое се одигра на Струмица, но прилепчани наоѓаа сили да го анулираат водството на гостите и да се изборат за реми.

Скопските „црвено црни“ во првите 15 минути постигнаа два голови и го решија победникот на „Телеком Арената“. Во финишот од мечот домаќините со трет гол го заверија триуфмот.

На Шкендија и беше потребно цело прво полувреме да го скрши отпорот на кратовчани кои добро се бранеа до првата минута од судиското продолжение. Пред крајот, односно во 80-та минута Шкендија ја осигура победата со втор гол во мрежата на Силекс.

Резултати: Брегалница – Ренова 0-1, Македонија ЃП – Работнички 0-3, Победа – Пелистер 2-2, Шкендија – Силекс 2-0, Вардар – Шкупи 3-0.

Табела: Вардар 44, Шкендија 40, Работнички 31, Пелистер 30, Ренова 26, Силекс 24, Победа 16, Шкупи 16, Македонија ЃП 15, Брегалница 11.

OhridNews