Јон Ѓорѓиевски, ученик во ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид, освои прва награда за Експериментален филм на јубилејниот 55. Државен фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија (55-ДФНФ 2026).

Неговиот награден труд „Во спектарот (музика)” е уникатен краток визуелен филм без дијалог, во кој главната водилка и емоција ја носи музиката, велат од училиштето.

Она што го прави овој успех уште поимпресивен е фактот што целата музика за филмот е целосно авторско дело на Јон, самиот ја компонираше, сними и продуцираше, потенцираат.

OhridNews