На меѓународната детска ликовна изложба,  која се одржа вчера во Скопје, по повод ослободувањето на главниот град од фашизмот – 13 Ноември, Александар Илиевски од О.Е.М.У.Ц. „Св. Наум Охридски“ – Охрид ја освои првата награда за ликовната твроба „Сон“.


Првонаградената лиоковна творба

Александар како и неговиот ментор проф.Цветанка Пљакова се задоволни од остварениот успех, кој, се надеваат, ќе ги поттикне и другите ученици да продолжат да ги истакнуваат своите уметнички дарби.


Александар Илиевски

Организатор на ликоввниот натпревар на кој својот талент го искажаа ученици од повеќе држави беше Детскиот ликовен центар.

OhridNews/Климент Плевнароски