Кратовски прволигаш Силекс во Охрид ја одигра првата контролна средба и успеа да го совлада второлигашот Корзо 2-0.


Трикратниот македонски првак Силекс постигна по еден гол во двете полувремиња. Во првото прецизно стрелаше Ѓоргиев додека во вториот дел од слободен удар мрежата на прилепчани ја затресе Велинов.


Наредната контролна средба Силекс ја игра в недела против екипата на Напредок.

Мх.П.