За прв пат во својата кариера, пилотот на Мерцедес, Нико Розберг ќе стартува од пол позицијата на големата награда на Кина.

“Рамо до рамо“ со Розберг, Луис Хамилтон кој заостанува пола секунда но ќе  стартува од деветтата позиција бидејќи го промени “менувачот“. Од втората позиција ќе стартува легандата на Ф1, Михаел Шумахер.  Третата и четвртата стартна позиција се резервирани за Камуи Кобијаши односно Кики Раиконен.

Стартот на големата награда на Кина е во девет часот по локално време. Водечки на табелата е шоферот на Ферари, Фернандо Алонсо со 35 бодови, втор е британецот Луис Хамилтон со 30 а третопласираниот Марк Вебер со 25.

Мх.П.