Прва помош тимот при Црвен крст Охрид, составен од доктори, парамедици, лица обучени за укажување прва помош изминатиов период обезбедуваше бројни настани.

Нашиот тим активно се грижеше за здравјето и безбедноста на сите посетители, давајќи неопходна прва помош на лицата кои имаа потреба од истата. Колапси, алкохолизирани лица, лица со посекотини, стомачни тегоби, беа само дел од состојбите на кои се укажуваше помош. Изминатава недела наши екипи обезбедуваа неколку настани во рамките на „Охридско Лето„, екипи на традиционалниот Илинденски пливачки маратон, концерт во Егоист, Аларм Фест, пливачкиот подвиг на Александар Илиевски – препливувајќи го Охридското Езеро, наши екипи се присутни на сите спортско-забавни атракции на бродот Армада велат од Црвен крст Охрид.

Продолжуваме со редовната патрола на најпосетени плажи и со настани на кои сме повикани. Здравјето и безбедноста на сите посетители остануват наш приоритет!

 

OhridNews