Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација Данило Брестовац го објави поширокиот список на 28 ракометари за престојните дуели со Исланд во квалификациите за ЕП 2020 година.
Највпечатливи потези од првиот список на Брестовац се изоставувањето на Филип Лазаров и вклучувањата на ракометари кои доаѓаат од нашата Супер лига. На поширокиот список нема ракометар од охридскиот клуб, а место има за десното крило Ненад Костескикој ги брани боите на Струга.
„Црвено жолтите“ првиот меч со Исланд го играат на 10 април на гостински терен, додека пред своите гледачи силите ќе ги одмерат на 14 април.
OhridNews