Македонската кошаркарска репрезентација стигна до првата победа на Евробаскетот совладувајќи ја Холандија со 78-71 (19-20, 24-11, 13-18, 22-22) во втората рунда од Ц групата.


Поразот од јужниот сосед во првиот меч не остави белег на македонските кошаркари кои одиграа квалитетен натпревар против вториот ривал во групата.


„Лалињата“ имаа предност по првата четвртина (20-19), но во втората избраниците на Марјан Србиноски одиграа маестрално добивајќи ја со (24-11) за плус 12 на полувремето.

Лошиот почеток во третиот квартал холанѓаните го искористија и се резултатски се вратија во игра и ја стопија разликата на само пет поени.


Во последната четвртина пресуди искуството на нашите кошаркари кои рутински се справија со притисокот и го одведоа мечот во конечна победа прва на Евробаскетот.


По ден пауза македонската репрезентација во третото коло ќе се сретне со Хрватска во вторник во 21 часот.

Мх.П.