-Пред 40 години моите почетоци беа во овој центар. Заради тоа особено ми е задоволство што Славица одлучила да влезе во водите на сликарската уметност и сметам дека она што таа на овие години досега го има направено претставува еден добар дострел, а се надевам дека големата посета и интересирање ќе ја поттикне и во иднина да работи и да создава нови дела кои во наредните години ќе ги видиме не само во Охрид, туку и пошироко, рече Упевче.
Професорот Ристе Пуцоски, кој ја следи Славица во нејзината работа, истакна дека неговата ученичка до сега учествувала на повеќе конкурси и добитник е на бројни награди и признанија.
-Меѓу најуспешните се заедничките учества на изложби во Индија и Финска, учеството на Детските Рацинови средби во Велес каде Славица ја освои првата награда, а ОУ „Григор Прличев“ беше најнаградувано, истакна Пуцоски.
Славица има учествувано и на натпревари во Битола и во родниот Охрид каде има освоено две втори награди на конкурсите по повод деновите на мајката и таткото.
-Почестена сум од вашето присуство и тоа што ве има во голем број ми дава сила уште повеќе да творам. Тоа ме охрабрува бидејќи ми покажува дека кругот на луѓе кои веруваат во мене е се поголем. Порано тој круг беше многу мал, започна со моите родители кои први го забележаа мојот талент за сликарство и кои ми дадоа голема морална, но и материјална поддршка за да можам да го развивам и негувам мојот талент, рече младиот уметник, Славица Танеска.
Изложбата на младата Славица Танеска ја проследија голем број граѓани и љубители на уметноста, како и гости од Словенија.
Првтата самостојна изложба на талентираната ученичка Славица Танеска предизвика голем интерес