Вчера во ОУ „Христо Узунов“, претставници на сообраќајната полиција имаа работен состанок со раководителите од основните образовни институции во рамките на едукативната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, која ќе се реализира со првооделенците од охридските основни училишта.

Пред претставниците на училиштата беше промовиран видео материјалот „Сообраќаен буквар“, кој понатаму ќе им биде презентиран на учениците со цел запознавање со основните правила и прописи за безбедно вклучување во сообраќајот.

Дополнително, на посебен сообраќаен полигон на првоодделенците ќе им се демонстрира како треба да се движат на раскрсница и како треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со што најдиректно ќе се влијае врз градењето и подигнување на безбедносна култура кај најмладите ученици.“ – информираат од СВР Охрид.

Инаку, во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, предвидени се слични активности и со децата од претшколските установи.

OhridNews