Во Основното училиште „Григор Прличев“, сообраќајната полиција организира практичен час за најмладите од оваа образовна институција.
Учениците се запознаа со правилата на движење на крстосница, пешачки премин, односно со правилата за возење на велосипед.
Инаку, проектот на училиштето и сообраќајната полиција има за цел да ги едуцира најмладите за безбедно движење во сообраќајот.
OhridNews