Првачињата од Основното училиште „Св. Наум Охридски“ oд село Пештани и од подрачните училишта во селата Коњско и Елшани се вклучија во неделата за подобрување на оралното здравје „Здрава насмевка- среќно детство“.
По тој повод деновиве во училиштето д-р Кристина Стојаноска – Алоска одржа предавање и презентација за важноста на трајните заби. Младите се едуцираа за правилна нега на забите и подигање на нивото на орално здравје.
Проектот најпрво се реализира во основните училишта во руралните средини по што ќе бидат опфатени и најмладите од основните училишта во Охрид.
OhridNews