Веќе 51 година Основното музичко училиште „Методи Патче“ – Охрид претставува вистински расадник на млади и талентирани ученици, кои во изминатите пет децении како етаблирани музички уметници претставуваат вистински културни амбасадори на градот и земјава вон нејзините граници.

Оваа учебна година, 34 првачиња во деветгодишните програми за пијано и виолина, односно 18 во шестгодишните за изучување на инструментите гитара, хармоника, кларинет и флејта, ќе ги направат првите музички „чекори“ во охридското училиште.

Во месец мај заврши уписот за нови ученици за учебната 2014/2015 година. На приемниот испит беа пријавени над 100 ученици, но по пат на аудиција беа примени 34 првачиња за прво деветгодишно училиште за пијано и виолина, односно прво шестгодишно за инструментите гитара, хармоника, кларинет и флејта.“ – вели Нина Момироска, директорка на Основното музичко училиште „Методи Патче“ Охрид.

Часовите во оваа образовна институција ќе се одржуваат два пати неделно и тоа во понеделник и четврток, односно вторник и петок зависно од смената на учениците во нивните матични училишта.

И оваа учебна година ќе учествуваме на државниот натпревар, но и на различни меѓународни од кои ќе добиеме пропозиции во текот на месеците октомври и ноември. Припремите започнуваат, додека државните меѓународни се одржуваат на пролет.“ – објаснува Момироска.

Од година во година, расте бројот на награди со кои се стекнуваат учениците од ОМУ „Методи Патче“ на меѓународните и државните натпревари на кои што учестуваат.

Бројот на награди со кои се стекнуваат нашите ученици, од година во година е се поголем. Така да, онаму каде што тие го продолжуваат своето образование во средните музички училишта низ земјава, се стекнуваат со врвни успеси и се меѓу најдобрите.“ – потенцира Момироска.

Во изминатиот период, охридското музичко училиште беше домаќин на Меѓународниот натпревар „Охридски бисери“, но и на првото издание од престижниот фестивал „Piano Summer Ohrid“.

Нашите професори кои учествуваа на на Меѓународниот пијано фестивал беа многу задоволни, а се покажавме како добри домаќини. Сакаме да продолжиме со ова темпо и во нашето училиште да донесеме познати светски имиња на педагози, бидејќи тоа е едно огромно и дополнитено искуство за професорите тука, но и ширум земјава.“ – завршува Момироска.

О.Т.

државните