
Помеѓу холанѓаните кои слетаа со чартер лет на холандскиот туроператор ТУИ, имаше туристи од сите генерации и сите беа пријатно изненадени од свечениот пречек. Многумина од нив рекоа дека слушнале за гостопримливоста на македонскиот народ, а помеѓу нив имаше и такви кои изјавија дека за Охрид се одлучиле поради препораки од туристи кои веќе престојувале тука.
-Јас слушнав за Охрид од мои сограѓани кои минатата година летувале тука. Тие имаа многу позитивни искуства од престојот, па затоа решивме и ние да дојдеме тука. Сакаме да ја видиме културата, природата , сите убавини и интересни работи со кои изобилува вашата земја, ни изјави еден од холанските туристи.
.jpg)
Министерот за економија Валон Сарачини, кој присуствуваше на свечениот пречек, рече дека доаѓањето на холандските туристи е резултат на политиките и активностите кои Владата на Република Македонија ги превзема во полето на туризмот и дека истите покажуваат сериозни резултати.
– Според планираното, во Македонија годинава ќе престојуваат околу 14.000 туристи од Холандија, а се надевам дека овој број ќе биде и поголем, поради тоа што има многу голем интерес од страна на холандските туристи. На Охридскиот аеродром најавени се три лета неделно само од земјите од Бенелукс што е навистина добра бројка. Според информациите односно договорите кои ги имаме со туроператорите, од земјите на Бенелукс очекуваме, во Охрид да има просек од 700 туристи дневно, рече Сарачини.
Тој истакна дека за субвенциите за странски туристи, минатата година биле потрошени околу 800 илјади евра или вкупно 48.800.000 денари.
.jpg)
– Субвенциите кои што Владата од страна на Министерството за економија и Агенцијата за промоција и подршка на туризмот ги дава за странските туристи вродија со плод. Само за земјите од Бенелукс субвенцијата изнесува некаде од 65 евра по турист. Оваа година планираме околу 50 милиони денари, кои се надеваме дека ќе бидат доволни, рече Сарачини.
Холандската Амбасадорка во Македонија Мариет Шурман истакна дека Холанѓаните во Македононија се чувствуваат како дома.
.jpg)
-Народот тука е многу дружељубив, многу отворен и им посакува убаво добредојде на сите туристи. Македонија има да понуди многу работи што ги нема во Холандија како што се планинате, многу зеленило и многу убаво време, рече Шурман, таа се надева дека бројот на холанѓани кои во идина ќе летуваат во Охрид, континуирано да се зголемува.
Според инкаминг агенциите на холандските туоператори во Македонија, вториот чартер со холандски туристи ќе пристигне на 4–ти мај 2012.












