Комисијата итност при Македонската кошаркарска федерација (МКФ) одлучи вкупно десет екипи да се натпреваруваа во новата сезона Првата машка кошаркарска лига. Комисијата на ваков чекор се одлучила, откако КК Шкупи не ја платил котизацијата за учество, а КК Водњански Лисици не се ни пријавил за натпреварување.

Покрај одлуката за намалување на Првата лига која минатата година броеше 12 екипи, Комисијата усвоила правила за влез во елитата за следната сезона.

Првите шест екипи на табелата ќе играат во Супер лигата, додека екипите од седмата до десеттата позиција ќе разигруваат во плејаутот. Последните две екипи на табелата во плејаутот ќе разигруваат за влез со првите две екипи од Втората лига. Во бараж мечевите странските играчи во екипите ќе немаат право за настап.

МКФ одлучи да ги намали финанските пенали за технички грешки, но воведе казна во форма на суспензија на играч или тренер со одреден број на натпревари.

Дел од кошаркарска елита ќе биде и КК АВ Охрид кој на почетокот од оваа недела стартуваше со подготовките. „Галебите“ минатата сезона беа дел од Супер лигата, а целта останува иста и покрај подмладувањето на играчкиот ростер.

OhridNews