
По повод Светскиот ден на прва помош, Општинската организација на Црвениот крст в сабота ќе организира низа активности под мотото “Првата помош спасува живот”.
На градскиот плоштад, на пладне ќе започнат презентациите на техниките на укажување прва помош и на опремата за укажување помош, а ќе се врши и проверка на знаењата за давање прва помош на учесниците во сообраќајот. За учесниците ќе се организира и квиз со прашања од оваа област.
Истиот ден од 10 до 17 часот на плоштадот е предвидена и крводарителска акција потпомогната од спортската обложувалница “Премиер” која на најсреќниот крводарител кој што ќе биде извлечен ќе му додели вредна награда.
Ohridnews












