Според прогнозата на синоптичарите, во првата недела од новата година, времето во Охрид ќе биде променливо и студено. Во понеделник ќе биде облачно со сончеви периоди, а во вторник и четврток се очекуваат врнежи од дожд и максимална температура од 3 до 5, а минимална од -8 до 0 степени.

Од петок се очекува намалување на температурите и студено време. Повремени врнежи од снег ќе има во петок и недела, кога максималната температура ќе биде од -7 до 0, а минималната од -12 до -9.

Од петок ќе дува силен ветар од северо-источна страна.

OhridNews