Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 1 мај, Денот на трудот, согласно Законот за празници, е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.

Понеделник 30 април е работен ден и празникот нема да биде споен со викендот, соопшти владата.

Во минатато празникот на трудот се одбележуваше два дена, но со новиот закон за празници што неодамна го усвои Парламентот 2 мај повеќе нема да се празнува.