Младите на Црвен крст Охрид започнаа со реализација на ПХВ-ЦКА проекти (Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција) преку кои се помага на ранливата категорија на луѓе од нашиот град.

Еден од проектите е насочен кон собирање на средства за да се овозможи неопходната операција на очите кај четиригодишната Медина од Охрид. За таа цел, младите на Црвен крст Охрид организираат хуманитарна забава под мотото “Првиот бакнеж е со очите”, која ќе се одржи на 20.02.2010 г., во ноќниот клуб Арена. На забавата ќе настапат познати музички групи од Охрид, а влезницата и пијалоците ќе бидат по симболична цена.


Хуманитарен концерт за малата Медина
Ohridnews