Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 6-ти ноември 2011 година (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.