На кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“, од денес до 19- ти април  се прикажува филмот „Првиот одмаздник- капетан Америка“. Станува збор за акционен, научно- фантастичен филм за јунакот кој се пријавува во тајниот проект, кој го претвора во Капетан Америка, супер јунакот и заштитник на Америка.


Приказната е сместена во време на Втората светска војна, а оригиналниот стрип на авторите Џои Симон и Џек Кирби се појавил во март 1941 година, осум месеци пред САД да се вклучат во Втората светска војна. Од тогаш, од неговото прво излегување овој стрип се продал во повеќе од 210 милиони примероци, во повеќе од 70 земји низ светот.

Улогите ги толкуваат: Крис Еванс, Хју Вивинг, Стенли Тачи, Томи Ли Џонс и др. Режија: Џои Џонстон.

Почеток на проекциите е во 20.00 часот, цена на билетот 100 денари.

OhridNews