Времето денеска кога календарски почнува пролетта ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Поради продор на студен воздух кон крајот на денот и во текот на ноќта повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Oхрид, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на околните планини од Скопската Котлина врнежите ќе преминуваат во повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во недела и понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на планините од снег. Поради заладување повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30 л/м2). На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои пониски места. Од понеделник до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час). Преодно стабилизирање на времето ќе има во вторник, а во среда се очекуваат нови локални врнежи со послаб интензитет.

OhridNews