Првите 190 патници пристигнаа денес на охридскиот аеродором со чартер-летот на TUI Airways UK од Манчестер.
Со слетувањето на охридскиот аеродром, нашите британски гости, желни за истражување и откривање, ја започнаа својата незаборавна авантура во историскиот и живописен регион на Охрид. Со два лета неделно, до крајот на септември голем број патници ќе имаат можност да уживаат во својот летен одмор и да создаваат спомени покрај Охридското Езеро, велат од ТАВ Македонија.
На 20-ти мај преку тур-операторот ТУИ пристигна во Охрид и првата група од 138 туристи од земјите на Бенелукс со чартер-лет од Амстердам. Предвидено е во текот на летната сезона до крајот на септември агенцијата ТУИ да реализира 62 лета до Охрид, со можност за воведување дополнителни летови зависно интересот.

Н.С.Ј.
фото. ТАВ Македонија













