Првата група на туристи од земјите на Бенелукс, кои годинава ќе одмараат на Oхридската ривиера ќе пристигне на почетокот од месец мај. Според податоците на туроператорите „Корендон“ и „ТУИ Аркетравел“, кои беа објавени во медиумите, продажбата на аранжманите за Охрид бележелa пораст за околу 30 проценти, споредено со истиот период минатата година.
Како што соопштуваат од Туристичката агенција „Фибула Ер-травел“, за престојната летна сезона предвидено е тур-операторот „Корендон“ да оперира со три чартер-лета седмично.
Според планираното, со по три летови стартно ќе оперира и тур-операторот „ТУИ Аркетравел“. Доколку се задржи високиот интерес на туристите за време на шпицот на сезоната, постои можност двата тур-оператори да воведат по уште еден лет.
Проценките на „Корендон“ и на „ТУИ“ врз основа на сегашниот интерес за македонската туристичка понуда се дека во текот на летната сезона 2015 на Охридската ривиера и во Македонија ќе летуваат околу 25 илјади туристи од Холандија, Белгија и Луксембург.
OhridNews













