Изминатиот викенд на стрелиштето во Кисела Вода во Скопје се одржа “И“ Куп во гаѓање со воздушна пушка-меѓународна програма. Ова е воедно прв Куп натпревар на кој официјално започнаа да се применуваат новите правила на меѓународната спортска стрелачка федерација, кои воглавно се однесуваат на скратеното време, промени во облеката чевлите и за првпат започна оценување на метите во децимали, наместо во цели кругови како што беше досега.
Охриѓанката Нина Балабан од СК ,,Охрид,, го освои првото место со резултат од 402,2 кругови додека Верица Гоџоска се пласира на 4-тото место со резултат од 378,9 кругови. Ангела Алексовска беше третата учесничка која настапи за СК ,,Охрид,, и која заврши на 8-та позиција со резултат од 363,4 кругови.
Кај мажите Михаил Шишкоски се пласира на второто место со резултат од 585,4 додека пак младите јуниори Попоски Васко и Гоџоски Мартин се пласираа на седмата односно осмата позиција со разлика од 0,1. Кирил Миленкоски овајпат заврши на 12-тата позиција, додека Попоски Антонио на 14-тата.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com