Македонската пливачка надеж Димитар Камнаровски во Роермонд, Холандија на клубското натпреварување со нов државен рекорд 1.11.76 на 100 метри грбно го освои првото место.

Камнаровски покрај клубски триумфираше и поединечно за пливачи од 12 до 14 години. Во останатите дисциплини Камнаровски ги постигна следниве резултати : 100 метри градно (1.26.23), 100 метри делфин (1.23.95), 100 метри машки (1.07.66), 50 метри машки (29.89), 50 градно (38.21), 50 метри грбно (33.85).

Од наредниот викенд Камнаровски ќе оди на седумдневни подготовки за републичкото првенство, каде се плива во сите дисциплини.

Мх.П.