На шестата позиција во севкупен пласман мажи се пласира Мартин Гоџоски, односно прво место во категорија на јуниори со резултат од 548,8 кругови. Кирил Миленкоски ја делеше 8-мата позиција во категорија на сениори, односно третата позиција во јуниорска категорија со резултат од 536 кругови.
Кај сениорки пушка Нина Балабан го освои третото место, односно второ место во категорија на јуниорки со 388,6 круга. Верица Гоџоска заврши петтопласирана во севкупен пласман, додека 3-та во јуниорска категорија, со резултат од 378,3. Ангела Алексовска се пласира на 6-тата позиција, односно 4-та во јуниорска категорија со резултат од 373,3 кругови.
И покрај високиот пласман на охридските стрелци, истите не беа задоволни од резултатите поради лошите услови кои ги нуди стрелиштето во Битола, односно истото не ги задоволува основните правила и норми пропишани не само од меѓународната спортска стрелачка федерација, туку и од македонската спортска стрелачка федерација, а кои за жал нашата федерација не ги почитува.