Тања и Стојан Стојановски од ТК Охрид во текот на овој месец учествуваа на два тениски турнири во Тирана, Албанија. На првиот турнир организиран од Теннис Еуропе за млади тенисери до 16 години од цела Европа (05 – 11.09.2011), 13-годишниот Стојан Стојановски стигна до осминафинале во сингл и четвртфинале во дубл, а 15-годишната Тања Стојановски играше полуфинале и во сингл и во дубл.

 

На вториот турнир ИТФ Јуниор за млади тенисери до 18 години од цел свет (12 – 18.09.2011) играше Тања Стојановска, па иако нерангирана зошто тоа и беше втор ИТФ Јуниор турнир, постигна извонреден резултат забележувајќи победа во дубл заедно со Василиса Апонасенко од Русија.


На патот до победата во финалето ги победија и сите први три носители (вторите носители кои беа од Холандија, третите од Македонија и Унгарија и првите носители од Хрватска и Грција).

Ohridnews