Во текот на изминатиот викенд, во хотелот Дрим-Струга се одржаа Адвокатските спортски игри за 2014 година. Целокупниот настан, како и секогаш, помина во знакот на спортот, со големо дружење помеѓу Адвокатите од четирите Апелациони подрачја: Битолско, Скопско, Гостиварско и штипско и допринесе за зачувување и континуитет на долгогодишната традиција на одржување на спортските игри од ваков карактер.
    

Адвокатите ги одмерија своите сили во следните дисциплини: Фудбал, Кошарка, Шах, Пикадо и Куглање. Адвокатската заедница од Охрид учествуваше  со свои преставници на овие спортски игри и забележа завидни резултати.
      
Екипата на Адвокатската заедница од Охрид, во состав: Стојан Прензоски, Љубчо К. Наумоски, Коста Дескоски, Мики Милески, Павел Мандулоски, Спасе Спасески, Христијан Спироски, Горан Николски, Благоја Ристески, Филип Николоски, Владимир Алексијески.

Во конкуренција на екипи од четирите Апелациони подрачја, со висока победа од 5-0 против домаќинот екипата од Струга го освои првото место во фудбал. За најдобар играч на турнирот во фудбал беше прогласен Павел Мандулоски од Охрид

Исто така Адвокатската заедница од Охрид имаше и свој преставник во екипата на Апелационото подрачје Битола што се натпреваруваше во дисциплината куглање и го освои првото место, а тоа е Мики Милески.

Ohridnews