Видни резултати постигнаа учениците од ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид под менторство на професорот по македонски јазик и литература, м-р Перчо Божиновски на државниот натпревар „МАССУМ – Образовно рандеву 2022“ во Велес.

Во конкуренција на 48 училишта од Македонија нашите ученици ги измерија своите сили во знаења, таленти и вештини и постигнаа високи резултати во натпреварите во повеќе категории, вели Божиновски.

Златен медал – прво место за најдобра фотографија, освоија учениците Даниела Митрева и Рахим Ѓулиоски. Сребрен медал – второ место за најдобар штанд, освоија учениците Дарко Соколеки, Ерол Брзев, Димитар Дуноски, Ана Марија Мискоска, Рената Стојкоска, Теодора Црвенкоска, Ѓорѓи Паскоски, Марко Настески, Ардијан Бајрактар, Амди Бајрами, Сефер Бајрами, Елена Блажевска, Димитар Јановски, Теона Талевска, Никита Мишевски, Бојан Блажески, Рахим Ѓулиоски, Давид Тризагароски и Саида Ала.

 

Филмот „Тркало на животот“ од учениците Дарко Соколески, Ерол Брзев, Димитар Дуноски, Ана Марија Мискоска, Рената Стојкоска, Теодора Црвенкоска, Николче Ангеловски, Даниел Ѓоргиев, Александра Герасовска, Ѓорѓи Паскоски, Марко Настески, Дамјан Макешоски, Александар Маринчески, Ангел Камчески и Иво Колески, велезе во топ 10 најдобри филмови.

Во категоријата најдобра модна ревија со свои креации учествуваа учениците Теона Талевска, Никита Мишевски, Рахим Ѓулиоски, Давид Тризагароски и Саида Ала покажувајќи забележителни резултати.Од спортските категории, ученикот Димитар Јановски се натпреваруваше во категоријата најдобар пингпонгар.

Навистина е гордост да се биде ментор на златни ученици, вистински пример за правилен избор на професија и успешна кариера, вели Божиновски.

Натпреварот беше во организација на Младинската асоцијација на средни стручни училишта на Македонија.

OhridNews