На Државниот натпревар по физика кој се одржа на 30.04.2022 год. учениците од Охридската гимназија забележаа одлични резултати информираат од училиштето.

Имено I место на натпреварот освои Ева Китрозоска која е III година, додека III место, Кристијан Шишкоски исто III година во училиштето.

Со постигнатите резултати учениците се стекнаа за право на учество на селекциониот натпревар за Светската олимпијада по физика, додаваат во соопштението од училиштето.

OhridNews