Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 31-годишно лице од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. На 02.07.2018 година околу 03,45 часот кај селото Франгово пријавениот се понудил да му помогне на 4-годишно лице од Крушево, во отстранување на дефект на минибус, со кое крушевчанецот управувал. Потоа двајцата се упатиле на бензинска пумпа во близина на населбата Теферич, и пријавениот му побарал на пари на лицето од Крушево за тоа што му помогнал, по што физички го нападнал и му одзел 2.500 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава и против 33-годишен стружанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “кражба“. Во текот на јуни 2018 година во Струга на улицата „Муртеза Татар“ во зграда која била во фаза на изградба, пријавениот одзел 500 метри бакарен кабел во вредност од 400.000 денари.

OhridNews