Првото бебе во Новата година во Охрид е машко. На свет го донесе триесетгодишната Радмила Миткова од Охрид, која утрово се породи на Гинеколошкото одделение при Општа болница Охрид.
Бебето е тешко 3070 грама, а високо 52 сантиметри. Дојде на свет со „Царски рез“. – истакна Д-р Мимоза Влаши, началник на Гинекологија Охрид.
Новороденото е второ дете во семејството Миткови. Мајката и бебето кои се во добра здравствена состојба попладнево ги посети градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој им врачи пригодни подароци.
OhridNews
Фото: Илустрација
















