Обилните врнежи од дожд и ветрот кои го зафатија Охрид денеска предизвикаа кршење на гранки од дрвјата и на моменти го отежнаа одвивањето на сообраќајот.

Откако се смири локалното невреме над градот се појавија две виножита.

Според најавите на метеоролозите, утре се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во југозападните краеви од земјата.

Г.М./О.Т.