По одлуката на Лиценцната комисија при ФФМ да не им додели лиценца на екипите на Победа Јуниор и Охрид Лоте, Комесарот за натпревари Миле Спиркоски донесе одлука извлекувањето на натпреварувачките броеви за новата сезона 2011/12 во Втората МФЛ да се одложи додека овие екипи на го искористат правото на жалба. Втората фудбалска лига ќе стартува на 7. Август.


Маркоски со Напредок, чека на ждрепката

Попладнево со поч. во 16.30ч. ќе бидат извлечени натпреварувачките броеви за Првата МФЛ и двојките за 1/16 финалето од националниот куп.

Новата сезона во Првата МФЛ ќе стартува на 30 јули, додека првата рунда од националниот фудбалски куп ќе се одигра на 10. Август.

Ohridnews